Јованоски: ДУИ сака со „мек“ државен удар да ја преземе власта! – Владата треба да започне со подготовки за заштита на РМ!

„ДУИ сака да изврши ‘мек’ државен удар и да ја преземе власта во Македонија. Во борбата за освојување на власта ДУИ ќе користи и масовни долготрајни протести. Тоа значи дека ќе употребат и ‘Обоена – шарена револуција’, чии разорни ефекти ние, Македонците, веќе ги почувствувавме силно. Владата на Република Македонија треба веднаш да започне со високостручни и сеопфатни подготовки за одбрана – заштита од хибридната војна, која ДУИ ќе ја поведе против неа и против Македонија.“ – нагласува Владо Јованоски во својата колумна со наслов „ДУИ со хибридна војна до освојување на власта“, која ја објави весникот „Нова Македонија“. Владо Јовановски е магистер по политички науки и автор на воено-безбедносната студија „Хибридна војна зад сцената“, издадена во 2023 година.



Покрај другото, Јованоски пишува: Од партијата на Али Ахмети најавија дека во септември ќе започнат со сеопфатни демократски, легални активности, со кои ќе ја спречат мајоризацијата во Македонија, која се вршела врз Албанците. Според нив, ДУИ е партијата што на претходните избори освоила најголем број гласови од Албанците во Македонија и која треба да биде на власт, а не во опозиција. Со активностите што ќе ги преземеле, вклучувајќи и со масовни протести, од ДУИ ќе ја принуделе Владата да го испочитува принципот „победник со победник“ и од сегашното опозициско столче ДУИ да биде вратена на владејачкиот трон.

ДУИ најавува хибридна војна со примена и на компонентата наречена „Обоена – шарена револуција“. ДУИ сака да да ја принуди Владата на Република Македонија повторно да биде дел од неа. Според најавите на ДУИ, во борбата за освојување на власта ќе користат и масовни долготрајни протести. Тоа значи дека ќе употребат и обоена – шарена револуција, чии разорни ефекти ние, Македонците, односно сите граѓани на Република Македонија, веќе ги почувствувавме силно. Одредени структури со хибридно војување, во кое беше применета и „Шарената револуција“, ја презедоа власта во Македонија, ја згазија волјата на народот и против негова волја насилно го сменија историското име на државата, го доведоа во прашање македонскиот национален идентитет и многукратно го зголемија сопственото материјално богатство.

„Обоените – шарените револуции“ се стратегии и техники за преземање власт, или „мек“ државен удар, без силна употреба на воената компонента. ДУИ со хибридно војување и со примена на обоена – шарена револуција сака да изврши мек државен удар, да ја преземе власта во Македонија, а истакнатите членови на ДУИ со вгнездувањето во власта да го заштитат досегашниот капитал стекнат за време на владеењето и да си обезбедат услови за понатамошно профитирање. Точна е онаа народната – човечката алчност нема граници.

Некои аналитичари го нарекоа тоа што го подготвува ДУИ шарена револуција, некои проценија дека ДУИ со најавените активности и со говорот само си гради рејтингот за следните локални избори, кои ќе следуваат идната година, а повеќето аналитичари велат дека ДУИ не располага со капацитети за посериозна дестабилизација на државата. Јас сметам дека ДУИ поседува такви капацитети. Најсериозно треба да се земат предвид нивните најави и Владата треба да започне веднаш со подготовките за заштита од најавената хибридна војна.

Со враќањето на власт високото раководство на ДУИ би ги отстранило можностите законски да одговара, поради нелегално стекнатите материјални богатства, би ја вратило изгубената огромна политичка моќ и повторно би се стекнало со редовни огромни профити. Човечката алчност нема граници, претставниците на високото раководство на ДУИ не можат да дозволат да се најдат пред лицето на правдата и да го продолжат својот живот во затворите, без важност, без моќ, без пари… Ќе направат сѐ, дословно сѐ, за да бидат пак моќни, да аздисуваат со парите и моќта.

Дали ДУИ располага со доволно пари за финансирање на хибридната војна? Да, во ДУИ располагаат со огромни суми на финансиски средства и нема да жалат да ги трошат, бидејќи се силно мотивирани да ја постигнат зацртаната цел. Дали ДУИ би ја добил странската поддршка? Во подготовките за хибридната војна ДУИ вклучи еден од подготвувачите на рамковниот договор, со што ги добива симпатиите на еден дел од светската експертска и политичка јавност. Високите раководни структури на ДУИ функционираат врз принципот „ако нешто не можеш да добиеш со употреба на сила, пробај со пари, ако не го добиеш со пари, пробај да го добиеш со многу пари“. Со примена на овој принцип ДУИ ќе освои поддршка од значаен дел од странски политички – институционални и вонинституционални чинители.

Дали ДУИ би ја добил поддршката од опозициските структури во Македонија? Да, од значаен дел, бидејќи можното враќање на ДУИ на власт би можело да значи враќање на власт и на тие опозициски структури. Тоа е исклучително силен, можеби најсилен мотив за дејство. Дали ДУИ би бил во состојба да собере таканаречена критична маса за протести и генерална поддршка? „Ако нешто не можеш да добиеш со употреба на сила, пробај со пари, ако не го добиеш со пари, обиди се да го добиеш со многу пари“ – со примена на овој принцип ДУИ ќе собере доволно критична маса за долготрајни масовни протести и за поддршка на нивната борба.

Заштитата – одбраната од хибридната војна е посложена од стратегијата на агресорот – напаѓачот. Владата на Република Македонија требаше уште од вчера да започне со високостручни и сеопфатни подготовки за одбрана – заштита.

Целата колумна тука