Ангелов: Граѓаните да пријават ако забележат потпалувачи

Директорот на центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, алармираше граѓаните да пријават ако забележат сомнително движење или ако забележат потпалувачи. Тој најави дека ќе бара законски измени за строги казни за оние кои загрозуваат животи и трошат државни ресурси.



„Граѓаните да го пријавувуваат секое сомнително движење ако забележат потпалувачи, а ако им е страв лично да се јават, нека кажат на некој комшија, полицаец, вработен во ЦУК“.

„Граѓаните да го пријавувуваат секое сомнително движење ако забележат потпалувачи, а ако им е страв лично да се јават, нека кажат на некој комшија, полицаец, вработен во ЦУК“. апелираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

„Граѓаните да го пријавувуваат секое сомнително движење ако забележат потпалувачи, а ако им е страв лично да се јават, нека кажат на некој комшија, полицаец, вработен во ЦУК. Апелирам на голема внимателност, не е наивен пожарот и кај депонија или на сува трева, брзо може да стигне до шума или да загрози човечки живот. Борбата против овие кои палат мора да биде жестока, мора жестоко да возвратиме, бидејќи превенцијата е најдобриот начин. Тогаш кога ќе бидат казнети, тогаш ќе бидат внимателни. Нема никакво оправдување за ваквото несериозно однесување. Ќе барам дополнителни законски измени за строги казнувања на ваквите поведенија кои загрозуваат човечки животи и трошат државни ресурси, апелираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Вчера имало 38 пожари, од нив 24 се целосно изгаснати, 5 се под контрола, а 9 пожари се активни, како на пример во Јасен, Пехчево, Кочани, пожарот од двете страни на Галичица, кај селото Зајас , кај селото Врбен и кај Новаци.