Американскиот државен секретар Антони Блинке одобри можна продажба на борбени авиони и друга воена опрема на Израел во вредност од над 20 милијарди долари, објави Пентагон.



Пентагон во соопштението наведе дека Блинкен одобрил можна продажба на авиони и опрема Ф-15 во вредност од речиси 19 милијарди долари.

Блинкен ја одобри и можната продажба на тенковска муниција во вредност од околу 774 милиони долари и воени возила во вредност од 583 милиони долари, додаде Пентагон.

Тенковска муниција ќе биде веднаш достапна за испраќање.

За авионите F-15 ќе им требаат неколку години за производство и испорака.

Соединетите Држави верно го поддржуваат Израел, нивниот главен сојузник на Блискиот Исток, додека тој води војна во Појасот Газа што ја опустоши палестинската енклава.