На иницијатива на градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска во просториите на Општината ќе се одржи координација со скопските градоначалници.



Темата на прес-конференцијата, како што е најавено, ќе бидат актуелните состојби во Скопје.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера од Општина Аеродром порача институциите што се под надлежност на Град Скопје да си ја вршат работата за која се платени и да работат во интерес на граѓаните во главниот град, во сите општини, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат.

Премиерот Мицкоски и претседателот на Заедницата на едниците на локалната  самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски вчера потпишаа Меморандум за соработка кој, меѓу другото, ги утврдува приоритетите и идните проекции на развојот на системот на локалната самоуправа во земјава.

Град Скопје преку Фејсбук, пак, најави дека до крајот на оваа недела почнува со спроведување вонредна ревизија во работењето на сите јавни претпријатија.