Се укинува зголемувањето на нотарските тарифи, соопшти владината служба.



Филков: Не може 10-кратно да скокнат услугите на нотарите

Владата на вчерашната редовна седница ја разгледа и ја усвои Одлуката за престанување на важење на согласноста за зголемување на нотарската тарифа.

Претходната Одлука на Владата од 6 јуни, со која се покачија нотарските тарифи беше оценето дека е избрзана и предизвика товар врз граѓаните, соопшти владината прес-служба.