За 20,34 милиони евра, Комерцијална банка ја официјализира намерата за преземање на Стопанска банка АД Битола.
Пред тоа банката доби и согласност од Народна банка за 100% преземање на капиталот на Стопанска банка-Битола.
Стопанска банка АД Битола има издадено вкупно 390.977 акции, а најголем акционер со акционерски пакет од повеќе од 5% е компанијата „Пелистерка“ која располага со 16,99% од акциите.
Комерцијална банка ја објави понудата на Македонска берза каде што соопшти дека :
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме дека издаде претходна согласност за стекнување на капитален дел од 100% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка – АД Битола.
„Истовремено, Комерцијална банка АД Скопје известува дека согласно Одлука донесена од Надзорниот одбор на Банката, во постапката на јавна објава на понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола, цената на акциите која ќе биде понудена во понудата за преземање изнесува 3.200,00 денари за 1 (една) акција“.





