Среќен крај имал вчерашниот настан кога кумановски пожарникари успеале да извлешат човек кој паднал во бунар длабок 15 метри, во кумановската населба Карпош.



За настанот денеска информираа од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово како и од Територијалната противпожарна единица Куманово, пренесе Плусинфо

„Добивме повик од 112 дека човекот пропаднал во длабок бунар од околу 15 метри. Се упативме и со помош на јажиња, појаси, успешно го извлековме човекот и го предадовме на екипа на Итна помош Куманово за натамошно лекување – изјави Сашо Илиевски, командир на смена кој заедно со уште двајца колеги учествувале во интервенцијата

Интервенцијата завршила во 13:50 часот и како што е наведено во дневниот билтен на РЦУК, човекот е во добра здравствена состојба.