Министерството за внатрешни работи на Македонија соопштува дека денеска (12.08.2024 година) во 05:00 часот, полициски службеници од Полициската единица за интервенција во СПБ Скопје го привеле лицето А.М.(32) од Скопје.
Тој околу 03:30 часот, по претходна расправија со неговиот 55-годишен татко, наводно запалил мотоцикл сопственост на неговата мајка во дворот на семејната куќа.
„Според пријавата се обидел да ја запали куќата, но бил спречен од соседите. А.М е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.






