Американскaта потпретседателка и кандидат за претседател на Демократската партија, Камала Харис, води пред поранешниот републикански претседател Доналд Трамп во три клучни држави, Висконсин, Пенсилванија и Мичиген, со четири процентни поени, покажуваат резултатите од анкетата на Њујорк Тајмс и колеџот Сиена.



Според истражувањето, 50 отсто од испитаниците во тие три неодлучни таканараечени „свинг држави“ би гласале за Харис, а 46 отсто би гласале за Трамп доколку изборите се одржат сега.

Истражувањето било спроведено од 5 до 9 август на 1.973 испитаници.

Претседателските избори се одржуваат на 5 ноември.

По лошиот настап на Бајден во јавната дебата, Трамп доби предност пред Бајден во „неодлучните“ но клучни држави, но влегувањето на Харис во трката ја промени динамиката.

Анкетата на Ипсос, чии резултати беа објавени во четвртокот, покажа дека Харис води пред Трамп на национално ниво, со 42 наспроти 37 проценти.

Таа анкета е спроведена на 2.045 испитаници од 2 до 7 август, со маргина на грешка од околу 3 процентни поени.