Мехмети: Коридорот 8 нема да ги поврзува овдешните Албанци со татковината Албанија! – Р*М е „протекторат“ на Србија!

„Патиштата се ‘вените’“ на земјата и ништо појасно од овие ‘вени’ не покажува која земја се чувствува како поблиска со која соседна земја. Ако ја погледнете * Македонија, речиси сите ‘вени’, што ја поврзуваат со Албанија и Бугарија, се или затворени, или оштетени, за разлика од оние што ја поврзуваат со Белград, кои се секогаш отворени и одржувани.“ – изнесува писателот и публицист Ким Мехмети во својата колумна со наслов „Низ ‘вените’ на земјата на Македонија тече само ‘крвта’ на српско-македонското братство!“. Информативниот портал на албански јазик „Алмакос“ ја објави оваа колумна со тенденциозна интонација кон Република Македонија, која авторот си дозволува омаловажувачки да ја нарекува „протекторат на Србија“и „неразделлив дел на ‘Српскиот свет“, а, од друга страна, за Албанците, кои живеат во Република Македонија, нагласува дека таа не е нивна татковина, туку е Албанија!



Мехмети пишува: Деновиве властодршците на * Македонија ставија до знаење дека нема да се гради Коридорот 8 – односно оној што ги поврзува овдешните Албанци со татковината и Скопје со Софија, а понатаму со Истанбул и Блискиот Исток – бидејќи не е приоритет и не создава додадена вредност. Албанците напразно се радуваа, затоа што наместо Коридорот 8 ќе се реновира пругата, што го поврзува Скопје со Белград!

Можеби и не ВРЕДИ да го повторуваш она, што го знаат сите, освен албанските властодршци: дека на оваа * Македонија, која беше и остана „протекторат“ на Србија, Белград никогаш нема да ѝ дозволи да инвестира во доближувањето на овдешните Албанци со Албанците од татковината Албанија, како и во доближувањето на Скопје со Софија? Исто како што не ВРЕДИ да се занимаваш со бесмислено објаснување на премиерот на Косово Курти, кој ништо ниту јаде, ниту пие од она што доаѓа од Србја, но ја поддржува владата во Скопје, која не го поддржува „Отворениот Балкан, бидејќи * Македонија е неразделлив дел на „Српскиот свет“.

Коридорот 8 е првиот проект на ВМРО-ДПМНЕ, уште од 90-тите години на минатиот век, на која и беше дозволено да раководи со неа забугарските „Љупчовци“, само за да не се види дека ја имаат во раце и оти ја контролираат противалбанските и засрпските „Змејковци“ и „Голубовци“. Значи овој проект е од далечните години, кога Бугарија ја „помагаше“ Македонија уште повеќе да се србизира, со дарување стотици искршени тенкови, за да војуваат против албанските „терористи“!?



Најчитани статии Би ја продал и душата за пари
Покрај ,,Македонско девојче” Јокиќ и другарите пееле и песна што нема да им се допадне на американците (ВИДЕО)