„Во политиката во * Македонија има двајца политичари, кои извршуваат високи државни функции и кои заслужуваат да ја водат државата. Тоа се многу способни луѓе и се на вистинските позиции. Едниот е претседателот на Собранието Африм Гаши, а втората е претседателката на Република * Македонија Гордана Сиљановска-Дафкова, мојата почитувана професорка. Африм Гаши, претседателот на Собранието, и претседателката на државата Гордана Сиљановска-Дафкова се гордост на секој граѓанин на Р*М!“ – нагласува Ејуп Бериша, политиколог и новинар во Албанската редакција при Македонската радио и телевизија, во својата колумна со наслов „Со Африм Гаши и со Гордана Сиљаноска-Давкова треба да бидат горди сите граѓани на Република * Македонија“. Колумната ја објави влијателниот косовски весник на албански јазик „Бота сот“.
Натаму, покрај другото, Бериша пишува: Африм Гаши не разочарал никогаш никого уште од почетокот на неговиот ангажман на политичката сцена во земјава до денес. Тој ветува многу на политичката сцена на нашата земја. Надеж е на сите граѓани и ќе биде нивниот вистински глас, држејќи ги нивните барања и потреби во центарот на вниманието додека ќе биде на чело на Собранието.
Ја поздравувам претседателката Сиљановска-Давкова и ѝ благодарам на за нејзиниот интелектуален придонес, што ме научи што претставуваат уставот и политичкиот систем. Таа беше неуморна во предавањето на знаењата и научните сознанија за овие многу важни предмети во Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Јас сум трансформиран во академски граѓанин на оваа земја, поради неуморната работа и придонесот на оваа професорка, а сега претседателка на државата.





