Во овогодинешниот Глобален извештај за емоции на „Галуп“, кој покажува колкав гнев или бес чувствува населението во секоја земја на дневна основа, граѓаните на Македонија се рангирани на второто место меѓу европските нации.
Првото место го заземаат жителите на Турција, каде 34 отсто од испитаниците секојдневно изразуваат одредена количина гнев.
Граќаните на Македонија се втори, со 26 отсто од испитаниците кои изјавиле дека чувствуваат гнев во текот на еден ден.
Според истражувањето на Галуп, по нив следуваат Албанците и Црногорците (24 отсто) и Шпанците (23 отсто).
Во регионот, Бугарија, Србија и Косово се некаде при дното на листата, бидејќи само меѓу 11 и 13 отсто од нивните граѓани се изјасниле дека чувствуваат бес во текот на денот, додека 21 отсто од испитаниците од Грција го кажале истото.
Земјите со најмал процент на гнев на дневна основа во Европа се Финска и Естонија (седум проценти), Португалија (8%) и Холандија и Хрватска (девет проценти).






