„Демократската унија за интеграција ако продолжи да манифестира недостаток на внатрешен капацитет за програмски и кадровски реформи може слободно да се преименува во НУД „Недемократска унија за дезинтеграција“.



Оваа партија заради 22 годишното владеење не може да прифати дека мнозинството Албанци ја испратија во опозиција. Затоа тврдоглаво и надвор од секоја логика се дрзнува да го приватизира и Охридскиот рамковен договор“, стои во реакцијата на коалицијата ВРЕДИ по вчерашните обвинувања од ДУИ дека биле вазали на ВМРО-ДПМНЕ, губитници кои ги предале Албанците на Вучиќ и Путин.

Адеми: Оваа моноетничка власт нема легитимитет да организира годишнина од Охридскиот договор

„Најавите дека партијата на Ахмети ќе го одбележи 13 август како нивен партиски „празник“, коалицијата ВРЕДИ ги оценува како чист паралелизам и обид за поделба на Албанците, бидејќи датумот на потпишување на Рамковниот договор се одбележува институционално, со соодветна програма и агенда. Ја информираме јавноста дека веднаш откако официјално беа испратени поканите за одбележување на овој историски датум, ДУИ и Али Ахмети решија да го девалвира државниот и институционалениот празник со приватен настан.

„Вреди“ и ДУИ со две, како што е најавено, паралелни прослави ќе ја одбележуваат 23-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во вторник.

„ДУИ го користи Охридскиот рамковен договор како штит за своите поранешни корумпирани функционери. Овие подмолни  намери на ДУИ се прочитани од граѓаните. Секогаш кога тие велат „Охридскиот договор“ и се обидуваат да наметнат теми за легитимитет, тоа значи дефокусирање од темите за корупциски скандали и одговорноста за време на нивниот 22-годишен режим. Никој нема право да ги приватизира придобивките за Охридскиот рамковен договор. Коалицијата ВЛЕН апелира до ДУИ да не го осквернавува 13 август“, датум кој донесе мир.

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми во објава на социјалните мрежи вчера напиша дека оваа моноетничка Влада, како што вели, нема легимитет да ја организира годишнината на Охридскиот договор.

„Губитниците на претседателските и парламентарните избори, без легитимитет од гласачите, како приврзок на ВМРО, во улога на вазал и потценувач на Албанците, го предадоа Охридскиот договор на путинистот, Иван Стоилковиќ како што ги предадоа и Албанците на Вучиќ и Путин“, напиша Адеми на ФБ, кој додава дека средствата за одбележување на годишнината од Охридскиот договор, биле намалени од новата Влада.