Ова во синоќешното гостување на „Сител“ го изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ и поранешен министер за внатрешни, Оливер Спасовски.
Не било прв пат обезбедувањето на Вјоса Османи да прави инцидент на скопскиот аеродром
„Факт е дека имало и претходно состојба каде што претседателката на Косово реагирала зошто мора да помине безбедносна контрола. Меѓутоа, во тој момент никој не преземал никаква друга иницијатива освен на тоа дека се укажува дека мора да се поминат безбедносните процедури, и тоа е направено“,рече Спасовски.
„Таа претседателка никогаш не била пропуштена без да има поминато низ безбедносна процедура до крај.
И во тој период мене ми се јавувале функционери на ДУИ на телефон. Барале да добијат информација зошто тоа се случило, и секогаш сум давал информација таква каква што е.
Никој не пратил нивно лично обезбедување да одат таму и да извади пиштол да го репетира, да нападне полициски службеник, несвесни дека на тој начин го загрозуваат објектот на заштита“, рече Спасовски во врска со инцидентот на косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром на 1 август.






