Судечкиот совет на Кривичниот суд во Скопје донел одлука Блерим Рамадани да не биде екстрадиран во Србија, соопшти Министерството за надворешни работи и дијаспора на Република Косово, јавува „Плусинфо“
„Министерството за надворешни работи и дијаспора на Република Косово ја информира јавноста дека Советот на Основниот кривичен суд Скопје одлучи да не го екстрадира нашиот државјанин, Блерим Рамадани.
Косово бара Македонија да ослободи уапсен поранешен член на ОВК
На 17.07.2024 година на граничниот премин Јажинце/Глобочица… Рамадани, поранешен припадник на ОВК, (беше уапсен -н.з.) врз основа на налогот за апсење на Србија кој беше издаден од Интерпол“, се наведува во соопштението.
Рамадани неколку дена беше во екстрадициски притвор во Шутка, а потоа пуштен во домашен притвор на адреса во Скопје, каде ќе остане до конечната одлука на Врховниот суд.





