„Платформата за легитимитет’, која ја побара шефот на ДУИ Али Ахмети од американскиот професор Пол Вилијамс, е во спротивност со духот на Охридскиот рамковен договор, чија суштина е унитарна држава и мултиетничко општество. Затоа што, ако се легализира принципот ‘победник со победник’ да формира влада, тоа значи двонационална држава, што подразбира и дводомен парламент. Никаде во Рамковниот договор не пишува дека победниците во македонскиот и албанскиот политички блок формираат влада. Тоа е дел од ‘Мајскиот договор’, кој никогаш не е преточен во закон.“ – нагласува информативната агенција на албански јазик „Журнал’ во својата редакциска анализа со наслов „Факт: Пол Вилијамс бил советник за Охридскиот договор, а не негов автор!“.
Покрај другото, натаму „Журнал“ пишува: По седницата на нивното централно претседателство интегристите од ДУИ го изнесоа во јавноста нацрт-извештајот, кој го состави професорот Пол Вилијамс, споменувајќи го него како „изготвувач на Охридскиот договор“. Но, во книгата на професорот Ветон Латифи, „Преговори за постигнување на Охридскиот договор“, улогата на професорот Вилијамс во тоа време е само опишана како советник, ангажиран од тогашниот лидер на Демократската партија на Албанците Арбен Џафери. Заради свои интереси, ДУИ сега го прави советникот автор. Но ова како и се друго само се врти околу партискиот интерес и завршува внатре во партиското седиште.
Врело лето за ДУИ – чести средби во партиското седиште, но без конкретни резултати
Потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми изјави пред седницата на нивното централно претседателство дека ќе расправале за за нацрт-платформата за легитимност, што ја подготвил Пол Вилијамс, како и за „ветингот, кој треба да го спроведат евроамерикански експерти, меѓународни експерти“. Со ваквите бесмислици ѝ е полна устата на ДУИ, но од ваквите нивни идеи не се виде ништо на дело: тие секогаш искажувале подготвеност за тоа, но никогаш немале смелост да го спроведат тоа прашање.
Но, во секое свое истапување во јавноста не се двоумат да го споменат американскиот професор Пол Вилијамс, а што е иронично, го претставуваат како автор на Охридскиот рамковен договор. Според фактите запишани во книгата на професорот Ветон Латифи, професорот Вилијамс бил само советник на поранешниот лидер на Демократската партија на Албанците Арбен Џафери.





