Коалицијата Вреди се откажува од рокот од шест месеци за внесување на Бугарите во Уставот

„Коалицијата Вреди се повлекува од шестмесечниот рок. Евроинтеграциите беа еден од клучните приоритети и услови на коалицијата Вреди при составот на владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Од оваа коалицијата неколку пати нагласуваа дека дале рок од шест месеци да има исчекор на ова поле, а од друга страна премиерот Христијан Мицкоски велеше дека со рокови и ултиматуми не работи. Вреди сега го продолжи рокот, но не се знае до кога. Според нив, вината лежи во Бугарија.“ – објави ТВ 21.

ТВ 21 пишува: „Да имавме функционална влада во Бугарија, веќе ќе имаше и отпочнати преговори, за да се постигне договор меѓу * Македонија и Бугарија. Имајќи ја предвид состојбата во Бугарија, тука има простор да се продолжи рокот, во координација со меѓународниот чинител.“ – изјави Фари Хисени од коалицијата Вреди.