Нападот со атомска бомба врз Нагасаки, во кој загинаа 74.000 луѓе, се случи три дена откако американските сили ја фрлија првата нуклеарна бомба врз Хирошима.



Два напади ја принудија Јапонија да се предаде на 15 август 1945 година.

Во нападите на Хирошима и Нагасаки не само што загинаа над 200.000 луѓе, туку и преживеаните се соочија со физичкаи психолошка траума по тој „незамислив ужас“ со децении.

Нападите со атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки на 6 и 9 август 1945 година беа резултат на шестгодишна работа на европски и северноамерикански научници кои започнаа во 1939 и 1941 година,  кога американската влада го започна еднонаменскиот проект „Менхетен“.

Проектот Менхетен беше спроведен во тајност, а научниот тим беше предводен од американскиот теоретски физичар Роберт Опенхајмер од Универзитетот во Калифорнија, Беркли.

Во идиличниот пејзаж на Лос Аламос, Ново Мексико, Опенхајмер водеше тим од брилијантни научници, вклучително и нобеловци како Енрико Ферми, Нилс Бор и Ханс Бете. Нивната просечна возраст беше 26 години.

Алберт Ајнштајн, кој не беше дел од тимот на Проектот, поради неговиот пацифизам, го сподели стравот мерѓу водечките научници дека нацистичка Германија би можела да развие нуклеарно оружје, а на 2 август 1939 година, тој го потпишува Писмото до претседателот Френклин Д. Рузвелт до САД за важноста на развојот на нуклеарната технологија.

Но, Ајнштајн, исто така, го предупреди претседателот за деструктивниот потенцијал на нуклеарната фисија откриена од германскиот хемичар Ото Хан, велејќи дека процесот може да резултира со „исклучително моќни бомби од нов вид“.