Бугарскиот претседател Румен Радев ѝ го врачи мандатот за состав на службена влада на неговата кандидатка Горица Гранчарова-Кожарева која ќе биде В.Д. премиер.
Тој ѝ даде рок до 19 август да ја претстави структурата и составот на привремена влада, за да може изборите да се одржат на 20 октомври – два месеци по инаугурацијата на привремената влада.
За неговиот избор да ја назначи Гранчарова-Кожарева за премиер, Румен Радев го истакна нејзиното богато административно искуство, но и навести дека по повлекувањето на Димитар Главчев да се согласи за втор мандат, тој веќе останал без избор и во пракса се соочил со многу кратка книга.
Румен Радев изрази и надеж дека Горица Гранчарова ќе се потпира „само на себе“.
Тој смета дека „силните страни, знаењето и искуството“ на Горица Гранчарова ќе доведе „да имаме кабинет кој ќе не’ води низ оваа ситуација“.
Кандидатот за вршител на должноста премиер Горица Гранчарова-Кожарева со јасно чувство за одговорност го прифати мандатот и беше концизна – целта ќе и биде да обезбеди нормално функционирање на државата, а главна задача ја гледа во организирање и одржување фер избори.






