„Претставникот на Организацијата на ветераните на УЧК од Македонија Бесим Хода во врска со сценариото за дестабилизација го повика Али Ахмети да седне на маса со другите албански политички сили и да изгради побезбедна иднина!“ – објави ТВ Клан Македонија.
ТВ Клан Македонија пишува: Премиерот на државата Христијан Мицкоски на средбата со својот колега премиерот на Косово Албин Курти изјавил дека ДУИ подготвува сценарио за дестабилизација на земјата наесен, за да не одговара за криминалот, што го направил.
Во врска со најавеното сценарио за дестабилизација Бесим Хода, претставникот на „Организацијата на ветераните на УЧК од Македонија“ изјави: „Тоа може да предизвика два проблема во Македонија. Може да се загрози постоењето на македонската држава. Сигурно не би дошло под знак прашалник постоењето на Албанците, туку постоењето на македонскиот народ и иднината на Македонија. Наместо да дава Али Ахмети такви изјави, го повикувам да седне заедно со другите политички албански сили како носител на албанската политичка позиција во владата и даизгради една побезбедна иднина.“
Home Македонија Хода: Наместо за дестабилизација, Ахмети да разговара за побезбедната иднина на РМ...





