„Негрижата за културното наследство доведе до овој степен да објектите кои ни се од културолошка и архитектонска важност да останат незаштитени. Тоа нема да го толерираме“ изјави денеска на средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир, вицепрепиерот Александар Николовси кој побара европска помош за руинираниот објект.
„Денешната средба со евроамбасадорот Гир беше токму во таа насока, оштетениот објект на централната зграда на ‘Пошта’ да го реставрираме и да го заштитиме како објект кој има културна вредност во историјата на Македонија.
Тоа нема да е ниту лесен потфат ниту евтин проект.
Напротив, ќе треба да се вложи многу енергија, време и пред се стручно знаење како и сериозни средства. Но централниот објект на ‘Пошта’ е од огромно историско и културно значење за Македонија како еден од најзначајните објекти од времето на брутализмот и мора да биде заштитен во својата основна форма и ставен во функција“, истакна по средбата Николоски.
Зградата на Главната Пошта во центарот на Скопје, дело на ахтитектот Јанко Константинов беше на листата на најзагрозени споменици и локалитети во Европа за 2021 година, објави 360 степени.
Листата од седум вакви најзагрозени објекти во Европа ја прави „Европа Ностра – Европскиот глас на граѓанското општество посветено на културното и природно наследство“ и неговата партнерска организација, Институт на Европска Инвестициoна Банка.
За три месеци ќе се реновира изгорената Пошта, беше насловот на многу текстови објавени во 2013 година, веднаш по пожарот во кој изгоре главната зграда на Дирекцијата на македонската пошта.,,,
Во пожарот беа оштетени повеќе компјутери, но му беше нанесена и непроценлива штета на муралот на Борко Лазески, еден од основоположниците на македонската современа уметност, чие дело ја красеше главната сала на опожарениот објект.






