„Најголем дел од пожарите се подметнати и затоа апелирам до граѓаните ако забележат сомнително лице во близина на шуми, да се јават на 112″, рече синоќа директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
Според него, не е нормално на ден да има по 40 нови пожари, и апелираше на зголемена внимателност и одговорност, пренесе СДК
Ангелов во изјавата до медиумите испратена од пожарот во близина на Козјак, рече дека пожарот стигнал до викенд населбата и дека денеска ќе продолжат со гаснење.
Говорејќи за пожарот кај селата Брезница и Тажево, Ангелов рече дека веќе 19 дена тлее и дека денеска и покрај сите напори на вработените во “Јасен” навлегол во ловиштето.
Директорот кажа дека пожари има и во регионот како Србија и Грција и дека Србија од денес го повлекува нивниот хеликоптер.






