„Секоја средба во Мала Речица покажува дека ДУИ исплашена до срцевината. Ова раководство на тазе опозицијата ДУИ е одлепено од реалноста. Му продаваат магла на чесното членство дека се некакви визионери, а всушност ги фатил уплав од тоа што следи.“ – се вели во реакцијата на коалицијата Вреди по информациите за заклучоците на Централното претседателство на ДУИ.
Во своето соопштение Вреди истакнува: Како и во секоја криза што ја доживеа, ДУИ вообичаено се стреми да го користи Охридскиот договор како параван за криминал и неуспеси. Оваа навика на ДУИ сега е јасно читлива. Секогаш кога ќе кажат Охридски договор и легитимитет значат пренасочување на вниманието, за да се избегнат темите за корупциски скандали и одговорност за време на 22-годишниот режим. Албанците се веќе свесни за оваа манипулација и го отежнуваат стариот говор на ДУИ, затоа и oткако увидоа дека нивните лажни тези за одбрана на Охридскиот рамковен договор немаат поддршка кај Албанците, почнаа да негираат дестабилизација.
Оние кои избегнаа од етничката конкуренцијата и преминаа на граѓанскиот концепт, сега залудно леат крокодилски солзи и се обидуваат да ги уништат гласовите од различни етнички припадности и да ја припојат волјата на 107 илјади Албанци, во заштита на нивните ситни лични и партиски интереси. Политичките неуспеси, оркестрираната корупција и незаконското богатење не можете да ги покривате со пропагандни изјави, со купување експертиза, ниту со создавање политички ситуации. Или со други зборови, ни со Охридскиот договор ниту со промоција на нови договори.
„Ги изгубивте изборите токму поради ширење демагогија, бидејќи додека зборувавте за интеграција во ЕУ, вашите противдемократски постапки беа клучната причина, што ја држеше земјата во заложништво од интеграциите. Народот разбра дека со изјави за ЕУ ги штитите вашите фотелји и џебови, а сега со изјави за легитимитет штитите функционери, потопени во корупција, да се соочат со правдата. Време е да се реформираат и да се искористи опозицијата, за да се направат кадровски, програмски и прагматични реформи. Картата од Охридскиот договор не ви одминува. Вреди е гаранција на секој Албанец во оваа власт и не дозволува да ги држите Албанците во заложништво, за да ја спасите криминалната структура на ДУИ. Одговорноста е неизбежна.“ – соопшти коалицијата Вреди.





