Хајредини: ДУИ ја рашири катастрофалната корупција кога беше на власт, а сега од опозиција бара проверка за јавните функционери?!

„Токму оние, кои во последните 20 години на власт ја раширија епидемијата на катастрофалната корупција, како што рече и американската амбасадорка Ангела Агелер, а тоа го нагласи и холандскиот амбасадор, сега во опозиција веднаш бараат од меѓународната мониторинг заедница целосна и сеопфатна проверка на сите јавни функционери во последните 30 години?!“ – реагира преку својот фејсбук-профил поранешниот министер за финансии и сегашен политички аналитичар Џевдет Хајредини во врска со изјавата на потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми. За време на вчерашната седница на Централното претседателство на неговата партија Арбер Адеми кажа дека „согласно со својата дамнешна политика што се однесува до ветингот, ДУИ се залага да се спроведе ветинг за сите јавни функционери со помош и на евроамерикански експерти, со меѓународни експерти“.



Во одделна друга објава на фејсбук Џевдет Хајредини му упати соодветна порака и на Арбен Фетаи, вицепремиерот за добро Владеење во Владата на Македонија од редовите на албанската коалиција Вреди:

Фетаи најавува бескомпромисна борба против корупцијата.

Граѓаните едвај чекаат најбргу можно да завршат најавите и да започнат активностите.