„Нацртот-извештајот со предлозите на Пол Вилијамс нема да ја донесе ДУИ во владата. Без коренити промени во ДУИ Ахмети и луѓето околу него ќе продолжат да плаќаат за изготвување извештаи, кои не се задолжителни за владите. Ахмети мора да ги признае своите погрешни политики и други политички чекори во текот на неговите 20 години владеење!“ – вели Селим Ибраими, доктор по политички науки и политички аналитичар, во својата колумна со наслов „Нацрт-извештајот на Вилијамс нема да ја донесе ДУИ во владата, треба да се употреби метлата“, која ја објави иннформативниот портал на албански јазик „Инфошќип“.
Ибраими пишува: Нацртот-извештајот на Пол Вилијамс нема да ја донесе ДУИ во владата. Единствениот начин е Ахмети да го смени тимот, што ја доведе партијата во оваа состојба. Може да почне со некои поединци од различни партии, кои преминаа во ДУИ во 200 и во 2011 година.
Без коренити промени во ДУИ, Ахмети и луѓето околу него ќе продолжат да плаќаат за изготвување извештаи, кои не се задолжителни за владите. Ахмети мора да ги признае своите погрешни политики и други политички чекори во текот на неговите 20 години владеење, кои доведоа до деградација на етничкиот статус на Албанците. И не само тоа.
Тогаш ќе може да ги убеди гласачите и Албанците, тогаш ќе може да има други пет години во политиката. Секако, ако не ги повторува грешките!





