Директорот на затворот „Шутка“ Бобан Утковски за емисијата „За или против“ вели дека судијата Наќе Георгиев кој е во притвор во Шутка поради мито од 10.000 евра и се сомничи дека поседувал во друг предмет за поранешниот градоначалник Боро Стојчев нема некои посебни барања или услови и е во ќелија со уште двајца притвореници.



Освен едно:

„Се жали дека (судиите) не ги читаат предметите туку дека по автоматизам му го продолжуваат притворот.

Како препорака од него е идините колеги да поседат еден месец внатре и пред да дадат продолжување мерка притвор да видат дека не се дава тукутака“, откри Утковски што му кажал Георгиев.