Ново поскапување: Дали одењето во ресторан стана луксуз?!

Ново поскапување на кафеаните, односно на угостителските услуги во споредба со истиот период лани. Како што се вели, на пазарот нема ништо ново, само што цените одат на горе, па така и ова ново поскапување, кое за жал нее добредојдено за граѓаните.



Како што објави Државниот завод за статистика, угостителските услуги во јули биле поскапи за 4,8 отсто во споредба со минатата година. 

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2024 година, во однос на истиотпериод од лани, е зголемен за 5,6 отсто, а споредено со декември 2023 година има зголемување од 2,4 отсто. 

Цените на угостителските услуги во јули, во однос на јуни годинава, останале на исто ниво. Поскапеле пијалоците, храната, ноќевањата.