„Најновата фејсбук-објава на претседателот на огранокот на ДУИ во Дебар Артин Спахиу за средбата меѓу Христијан Мицковски и Албин Курти повеќе личи на обид да се привлече медиумско внимание: тој ги обвини двајцата лидери за ‘договор за заблагодарување’ и за вмешаност во политички игри, кои им штетат на интересите на албанскиот народ.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својата информација со наслов „ДУИ не го поштедува ниту Албин Курти: Неодговорни изјави и застарени политики на Артин Спахиу, шефот на огранокот на ДУИ во Дебар“.
„Фол“ пишува: Артин Спахиу објави на својот фејсбук-профил: “Средбата Мицковски-Курти: повеќе од средба на двајца луѓе кои имаат проблеми со УЧК, проблеми со евроинтеграциите, а и и двајцата го имаат Вучиќ како партнер во нивната политичка игра. Ова ми наликуваше како средба за заблагодарување, поради заемната помош, што си ја дадоа еден на друг:
Мицковски му се заблагодари на Курти што ги претворил неговите слуги од Вреди во вазали;
Курти му се заблагодари на Мицкоски што ја остави УЧК во опозиција.“
Пристапот на Спахиу е обид да се одржи во живот застарениот говор и да се оживеат минатите тензии, наместо да се придонесе за стабилноста и заедничкиот напредок.
Тврдењата за „претворање во вазали“ или „оставањето на УЧК во опозиција“ немаат основа во денешната политичка реалност и претставуваат очајнички обид да се дискредитираат двајцата лидери Курти и Мицкоски, кои работат на подобрување на односите во регионот и на унапредување на агендата за евроинтеграциите .





