ДУИ: Како гарант на мирот во земјата ќе ги преземеме сите демократски средства да го спречиме понижувањето на Албанците!

„ДУИ ќе ги преземе сите демократски мерки и средства, за да ги спречи понижувањето и мајоризацијата на Албанците преку наметнување вазали. Како државотворна партија ДУИ е гарант за мирот, стабилноста, благосостојбата и европската иднина на земјата.“ – со овие ставови во своето писмено соопштение денес одговорија од ДУИ, откако премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за ‘Фокус’ изјави дека „интегративците“ се закана за мирот и стабилноста, а денеска ги повтори предупредувањата дека партијата на Али Ахмети има план за есенска дестабилизација на државата, со цел да го заштити стекнатиот капитал.“ – објави „Фокус“.



„Фокус“ пишува: „Без да ги коментираме политичките спинови и блефови, појаснуваме дека имаме мандат и одговорност од албанските гласачи да ги заштитиме легитимитетот, политичката волја и достоинството на гласот и албанскиот народ во * Македонија. Ќе ги преземеме сите демократски мерки и средства за да го спречиме понижувањето и мајоризацијата на Албанците преку наметнување вазали. Што се однесува до неоснованите обвинувања за прекршување на законот, уште еднаш ги повикуваме политичките партии на проверка на сите носители на јавни функции со меѓународна помош. Само така ќе престане блефирањето, ловот на вештерки и злоупотребата на борбата против корупцијата за политички цели.“ – наведува ДУИ во своето соопштение.

Говорејќи во споменатото интервју за иницијативите на ДУИ за озаконување на правилото „победник со победник“ и за територијалната реорганизација според белгиски модел, Мицкоски посочи дека не ја исклучува можноста одредени групи и структури да бидат несвесно изманипулирани, а тоа, според него, може да го предизвика територијалниот интегритет и суверенитет, односно да создаде криза.

„Со ова неодговорно однесување ДУИ ја загрозува меѓуетничката слика во државата и претставува закана за мирот и стабилноста на Македонија како држава. Ние, како Влада, ќе ги преземеме сите неопходни мерки, за да ги заштитиме суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија како држава. Но, во суштина, овие пораки се обид грчевито да се брани богатството стекнато во изминативе 20 години на власт.“ – нагласи премиерот Христијан Мицкоски.

На денешната прес-конференција со косовскиот премиер Албин Курти Мицкоски повтори дека располага со информации, добиени по повеќе канали, дека ова раководство на ДУИ ќе преземе чекори во насока на дестабилизирање на државата оваа есен, во обид да го заштити капиталот, што го создаваше изминатите 20 години. „Ние, како Влада, имаме целосно право да ги штитиме територијалниот суверенитет и интегритетот и мирот на граѓаните. Тоа е и целта на една држава. Врз основа на тие информации, што ги имаме, очекуваме тоа да се случи оваа есен. Да почекаме времето да даде одговор, дали тие информации ќе се потврдат, или нема да бидат точни.“ – укажа премиерот Христијан Мицкоски.