Мицкоски за македонските кошаркари: Перфекција во црвено-жолто, браво јунаци

Македонската кошарка го освои првиот златен медал откако младинската репрезентација триумфираше на Европското првенство од Б-дивизијата, одиграно во Скопје. Во вчерашното финале, Австрија беше победена со резултат 98:88, и така македонските кошаркари до 18 години го завршија првенството непоразени.Покрај титулата, кошаркарите за награда добиваат и пласман во елитната А-дивизија и настап на следното Европско првенство во Србија.



На социјалните мрежи, премиерот Мицкоски им честите на кошаркарите и порача дека на овој начин се сака Македонија и се штити Татковината.

Браво момци, браво јунаци вака се сака, штити и бори за Татковината. Македонија е горда на Вас.

Да се потсетиме:
26ти Јули совладана Ирска со 10 разлика, 27ми Јули совладана Босна и Херцеговина со 12 разлика, 28ми Јули совладана Чешка со 8 разлика, 30ти Јули совладан Кипар со 41 разлика, 31ви Јули совладана Украина со 11 разлика, Четвртфинале, совладана Португалија со 29 разлика, Полуфинале, совладана Бугарија со 24 разлика и Финале, совладана Австрија со 10 разлика.

Перфекција во црвено жолто, 8:0 на Европскиот шампионат за возраст до 18 години, Б дивизија и златен медал” напиша премиерот.