Фото и видео на денот: Химната на Македонија во чест на златните македонски кошаркарски јуниори

Величествен завршеток на Европското првенство за кошаркари до 18 години од дивизијата Б во Скопје – новите македонски спортски миленици, единствени со максимални осум победи меѓу 22 селекции, на победничкиот подиум со златните медали околу вратот ја испеаја химната на Република Македонија со речиси седумилјаден хор од трибините на арената „Борис Трајковски“ во Скопје (на крајот од видеото):