Пред да биде застрелан од полицијата, со нож уби мажи жена а двајца рани, соопштија израелските власти.



Напаѓачот избодел луѓе во близина на бензинска пумпа и парк, соопштија израелските служби за итни случаи, пренесе Тајмс оф Израел.

Двајца постари граѓани, маж и жена, беа заклани во градот Холон недалеку од Тал Авив, а уште две лица итно се пренесени во болница, соопштија медицинските власти.

„Терористот брзо беше неутрализиран од еден наш офицер на местото на настанот и го спречи да изврши уште полош напад“, изјави портпаролот на полицијата Ели Леви за израелскиот Канал 12.

Голема полиција е присутна на местото на нападот и врши опсежни претреси со помош на хеликоптери и дополнителни ресурси“, се вели во полициското соопштение.