„Неодговорен е пристапот на претходната власт да се трошат 560 милиони евра за третата делница од пругата кон Бугарија долга 24 километри“ изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Вране Петрушевски според кој за претходната влада на СДС и ДУИ не било важно што нема економска оправданост, затоа што им било важно само да тендерираат.
„Да, за 24 километри власта на СДС и ДУИ сакаше да потроши 560 милиони евра.
Километар пруга според математиките на претходната власт би чинел над 23 милиони евра.
Пругата од 24 километри, треба да има 22 тунели, од кои последниот нема излез. Да, СДС и ДУИ предвиделе пругата кон Бугарија да завршува во тунел кој нема излез, затоа што од бугарска страна нема ниту проект за истата.
Економски неоправдано е да се фрлат 560 милиони евра за пруга која завршува во тунел без крај.
560 милиони евра, можат да се потрошат на модернизација на пругата од Табановце до Богородица и истата да може да се користи од возови кои би се движеле до 120 километри на час, а би чинела 250 милиони евра, односно на половина од тоа што СДС и ДУИ планирале за 22 километри пруга со тунел без крај“, рече Петрушевски.






