Уште еден случај на „исчезнати“ Непалци, дојдени на работа во Македонија бил пријавен деновиве со што бројот на лица од таа држава која очигледно ја користат Македонија како „попатна станица“ за мигрирање на Запад, достигна повеќе десетици.



Пак исчезнаа Непалци дојдени на работа во Македонија

„На 01.08.2024 година во 21.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.Н.(41) од Скопје, пријавил дека пет лица од Непал на возраст од 24 до 41 година, вработени во фирма во Скопје, излегле од домот каде што престојувале“ јави МВР.

Министерството за внатрешни работи презема мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.