Започнува да се гради косовскиот дел на патот Призрен-Тетово преку Шар Планина

„Патот Призрен-Тетово преку Шар Планина започнува да се гради од страната на Косово.“ – соопшти вчера преку својот фејсбук-профил Либурн Алиу, министер за животна средина, просторно планирање и инфраструктура во косовската влада. Ова го објави косовскиот весник на албански јазик „Газета експрес“.

„Газета експрес“ ја пренесува објавата на Либурн Алиу на фејсбук: Патот Призрен-Тетово започнува да се гдади од страната на Косово. Вчера беа потпишани договорите за изградба на патот Призрен-Тетово, во должина од 20 километри и 350 метри, со вредност од 8 милиони евра за првата делница и за третата делница со вредност од 8 милиони и 350 илјади евра. Вкупно за овие две планирани делници на овој пат од страната на Косово ќе бидат инвестирани 16 милиони и 350 илјади евра. Парите, кои се определени за втората делница на патот, ќе бидат подложени на повторна проценка.

Овој пат поврзува два меѓународни автопата, кои минуваат од двете страни на планината Шара. Овој пат ги приближува Тетово и призрен, нашите две земји Косово и Македонија. Патот Тетово-Призрен овозможува и отворање нов коридор со економско влијание за двете земји.