Мицкоски со маестрална употреба на северна за делумно анулирање на катастрофата на СДСМ и ДУИ (ВИДЕО)

Маестрална формула употреби премиерот Христијан Мицкоски со која делумно се анулира дел од катастрофата со северна сторена од СДСМ и ДУИ.



Во својот говор на местото каде што комитите на Питу Гули на Мечкин Камен на Илинден ги поставиле темелите на модерната македонска држава премиерот Мицкоски ја употреби придавката Северна без притоа да предизвика негативни чувства.

Начинот на кој Мицкоски ја користи северна дава можност барем делумно да се намали штетата направена од Зоран Заев, Венко Филипче, Никола Димитров, Бујар Османи, Димитар Ковачевски и другите првенци на СДСМ и ДУИ.

На ваквата употреба на северна од страна Мицкоски маана не можат да најдат ниту домашните набљудувачи ниту пак странците затоа што со тоа не е навреден/повреден никој а се работи за реална и логична употреба.

Делот каде што Мицкоски за прв пат ја користи северна на ваков начин е во овој дел од говорот на Мечкин Камен.