Горани: Косово мора да ги прекине односите со Р*М, да го фатиме за уши македонскиот амбасадор и да го исфрлиме преку границата!

„По инцидентот што ѝ се случи на претседателката на Косово Вјоса Османи на аеродоромот во Скопје, реагираше и социологот и медиумски експерт д-р Дукаѓин Горани, кој вели дека од соопштението на Претседателството на Косово се подразбира дека се случил многу голем дипломатски инцидент. ‘Косово треба да ги прекине односите со * Македонија!’ – кажа Горани.“ – ова го објави информативниот портал на албански јазик „Телеграми.мк“. Инаку, д-р Дукаѓин Горани е поранешен  советник на поранешниот премиер на Косово Хашим Таши и некогашен пратеник од редовите на владејачката косовска партија Ветвендосје во Собранието на Косово, а сега е и извршен директор на истражувачката организација Либерален демократски центар од Приштина, Косово.



„Телеграми.мк“ пишува: Во емисијата „Пресинг“ на ТВ Т7 од Косово Горани изјави дека вакви случаи не му се случиле никогаш порано на Косово.

„Ние требаше веднаш да ги прекинеме дипломатските односи со Македонија, да го фатиме за уши македонскиот амбасадор и да го исфрлиме преку границата! Моравме веднаш да испратиме демарш во Скопје и во ЕУ. До ова алармантно рамниште не доведоа претставниците на нашата држава Косово. Ваквите инциденти нам не ни се случиле никогаш порано, се  додека не го добивме ова раководство.“ – посочи Дукаѓин Горани во „Пресинг“ на ТВ Т7.