Времето денеска сончево и многу топло, со максимална температура која наместа ќе стеигне до 40-от степен.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе се движи во интервал од 33 до 40 степени.
Во северните делови во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.
Во Скопје сончево и многу топло, минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Попладне се очекува мала до умерена облачност. Во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме.
Во деновите од викендот ќе се задржи топло време со попладневна нестабилност. Особено во сабота во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Како што соопштија од УХМР, локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.






