Мицкоски: Илинден е светилник на надежта на македонските граѓани и нашиот повик за акција и единство!

„Илинден, симбол на нашиот непокорлив дух и нашата истрајност. Светилник на надежта на македонските граѓани за човечки правдини! Илинден е нашиот повик за акција и единство денес. Нашата сила е во нашата различност и сплотеност.“ – објави на својот официјален фејсбук-профил Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија, по повод 2 август – Илинден, утрешниот најголем државно-национален празник на Македонија и на македонскиот народ.

Во својата празнична објава Мицкоски дополнува:
Борбата не е завршена!
2 Август – Ден на Републиката
Борбата трае!