Претседателката Силјановска Давкова повика на сплотеност на Македонците во Албанија

Претседателката Гордана Силјановска Давкова на средба со претставници на партијата на Македонците во Албанија повикала на сплотеност на нашинците во соседната држава со цел унапредување на малцинските права согласно меѓународните стандарди.



На средбата со членови на раководството на МАЕИ Силјановска порачала дека е неопходно пописот на населението да биде одраз на реалноста.

,,Средба со претставници на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија, по последниот спроведен попис во државата.

Поддршка за напорите на претставниците на македонското национално малцинство за унапредување на нивните права и повикав на заедништво и обединет настап во работата за подобрување на нивната положба.

Ја нагласив важноста пописот, секогаш, без исклучок да ја отсликува реалноста во секое општество”, стои во соопштението од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова по средбата.