„Првиот потпретседател на Владата на * Македонија Изет Меџити вечерва во емисијата Пресинг на Т7 зборуваше за соработката со премиерот Курти за време на изборната кампања за парламентарните избори.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА во својата информација со наслов „Меџити: Соработката со премиерот Курти е братска, ние сме дел од албанскиот народ“. Инаку, за споменување е и дека Изет Меџити е лидер на Демократското движење, кое е дел од коалицијата Вреди. Оваа негова изјава, можеби повеќе и како своевидна порака, случајно, или не упатена токму преку медиум од Приштина, доаѓа среде „недоразбирањата“ во врска со „Албанската академија“ – проект и иницијатива, од што коалицијата Вреди не отстапува.
ИНА пишува: „Соработката со премиерот Курти е братска соработка. Не гледам ништо лошо овде. За ова не е загрижена ниту македонската страна, која оваа соработка ја гледа како нешто нормално, бидејќи и во Уставот на Македонија е дефинирано дека ние сме дел од албанската нација. Соработката со Косово и Албанија е повеќе од нормална. Кога кај нив нив нема грижа, не знам зошто да се вознемируваме и ние.“ – рече Меџити.
Меџити нагласи дека имаше поделба на два табора со Приштина и Тирана, но на тоа му претходеше премиерот Рама, кој отворено го поддржа Опозицискиот фронт на ДУИ, во кој беа вклучени 9 политички партии и четири заедници.
Home Македонија Среде „недоразбирањата“ околу „Албанската академија“, што порачува Меџити од Вреди со „братската...





