Пајазити: Академици со расистички идеи ја водат етноцентричната МАНУ, која самата создава услови да се формира Албанска академија!

„Етноцентричната Академија на науки и уметности на Македонија самата создава услови за поделба, за создавање на Албанска академија на науки. Таа ги исклучува албанските научници и другите заедници, кои во светот на глобализацијата објавуваат научни трудови во најпопуларните и најпрестижните списанија во Европа и САД. Во отворениот свет Академијата на науки и уметности на Македонија ја водат некои таканаречени академици со расистички идеи и со затворен ум.“ – изнесува Мухамер Пајазити, професор по евроинтеграции во државниот универзитет во Тетово и дел од редакцијата на информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА, во својата колумна со наслов „Еве ЗОШТО ни треба Албанска академија на науките“. Колумната ја објави на својот фејсбук-профил, а ја пренесе и информативната агенција Илирија-ИНА.

Пајазити пишува: Академијата на науки и уметности на Македонија со својата веб-страница комуницира само на македонски јазик. Го исклучува албанскиот јазик, кој е втор официјален јазик и еден од најстарите јазици во семејството на индоевропските јазици. Ова се случува затоа што комунистичкиот менталитет на оваа академија не ја гледа различноста како предност. Вториот исклучок им е направен на албанските научници и другите заедници, кои во светот на глобализацијата ги скршија монополите, објавувајќи научни трудови во најпопуларните и најпрестижните списанија во Европа и САД.

Покрај исклучоците, Академијата на науки и уметности на Македонија изработи „документи“ и „енциклопедии“, кои ја навредуваат и ја искривуваат историјата на Албанците, лојални граѓани кои со даноците ги плаќаат некои од тие таканаречени академици со расистички идеи.

Наместо оваа академија да изготвуваше стратегии за решавање на отворените спорови со Србите, Грците, Бугарите, таа се занимава со Албанците, кои ги прифаќаат државата и Уставот како највисок правен акт.

Наместо да биде посветена на препознавање и прифаќање на иновативните млади научници, промовирајќи можности за подобро разбирање на новите случувања во науката, технологијата и уметноста, таа избра да биде етноцентрична. Во овие околности Академијата на науките и уметностите на Македонија самата создава услови за поделба, за создавање на Албанска академија на науките.

Во овие околности, стремежите на грст академици, главно стари и надвор од новите трендови, да ги монополизираат знаењето и науката, изгледаат смешни и многу ниски. Ова се случува кога во отворениот свет Академијата на науки и уметности на Македонија ја водат некои таканаречени академици со затворен ум.