Покраај три хеликоптери за гаснење на пожар од Србија, најавено е на помош да пристигнат еден хеликоптер од Чешка со капацитет на ведро од три тона, и два ер-трактори од Германија за кои ЦУК дополнително ќе известат кога би можеле да пристигнат.



Дирекорот на Центарот за управување со кризи изјави дека состојбата со пожарите во моментов е тешка, но не и алармантна и апелира до граѓаните да не излегуваат со непотребни апели за собирање на луѓе за да одат да помагаат во гаснењето на пожарите.

„Како држава имаме доволно припадници на Армијата и полицијата и ако тоа некаде го побараат локалните авторитети кои командуваат со гаснењето на пожарите – градоначалниците, ние можеме да испратиме онолку војска или полиција колку што тие ќе побараат. Граѓаните не можат секаде можат да бидат од корист, напротив, некаде можат да сметаат во работењето на професионалните служби, на пожарникарите, војската, полицијата, на „Национални шуми“, на пожарникарите доброволци или на самите летала. Граѓаните можат да бидат корисни во одбрана на населените места кога огнот загрозува некое село или како во синоќешниот случај кога постоеше мала можност огнот да дојде до градот Пехчево.

Во гаснењето на пожарите, граѓаните не треба да учествуваат, освен доколку не бидат прифатени од локалните командири на територијалните противпожарни единици“, рече Ангелов и апелира да не се создава непотребна паника.