Европската унија не може да го признае изборниот резултат во Венецуела додека не се пребројат сите гласови и не се обезбедат документи, во услови на меѓународна загриженост за интегритетот на гласањето, изјави шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, цитиран од Ројтерс.



Венецуелските власти соопштија дека претседателот Николас Мадуро во неделата освои трет мандат со 51 отсто од гласовите.

Опозицијата во земјава најави радикално различни резултати.

МВР: Не значи дека макдонски хакери се вмешани ви изборите

Борел истакна дека изборната комисија ги објави резултатите од гласањето врз основа на 80 отсто од преброените ливчиња. Според него, тоа е причината поради која ЕУ не ги признава резултатите.

„27-члениот блок ќе одлучи за можните следни чекори дури откако ќе бидат објавени целосните резултати“, додаде тој.

Резултатите од изборите доведоа до масовни протести во Венецуела. Владата ги осуди демонстрациите како обид за државен удар.

Центарот Картер со седиште во САД, кој го надгледуваше гласањето, рече дека изборите не може да се сметаат за демократски бидејќи „не ги исполнуваат меѓународните стандарди за изборен интегритет“.