Коалицијата ВРЕДИ објави дека за прв пат во историјата на Македонија, клучна институција за борба против корупцијата, Дирекцијата за финансиско разузнавање, ќе биде водена од албански кадар.



Кујтим Ибиши, со чиста биографија и без никаква корупциска дамка, ќе ја води оваа важна институција за борба против ракот на нашето општество – корупцијата, перењето пари и други криминални активности. Неговата посветеност и ангажираност се гаранција за праведно и ефикасно управување со оваа институција.

Коалицијата „Вреди“ додава дека оваа одговорност ја презела со решителност и посветеност.

Преку Дирекцијата за финансиско разузнавање, коалицискиот блок најавува интензивна реализација на нејзиниот програмски столб: борбата против криминалот и корупцијата.