Големиот пожар кој избувна вчера над Стар Дојран кај депонијата, во месноста Карач и зафати три куќи од синоќа од 19 часот е изгаснат, а во текот на ноќта дежурни екипи внимаваа да на дојде до повторно активирање, јави Курир.
Според градоначалникот на Дојран Анго Ангов, на неколку места сè уште тлеат остатоци од пожарот, а со механизација во текот на денот ќе почне да се затрупуваат делови од депонијата од каде избувна големиот пожар.
Во гаснењето на пожарот учествуваа месното население, пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и Струмица, како и еден хеликоптер.
Градоначалникот Ангов, вчера посочи дека пожарот најверојатно е подметнат, бидејќи на местото каде што избувнал пожарот пронашле канти од моторно масло.
Заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов, објави фотографии што било пронајдено на депонијата во Дојран, пренесе Фактор.





