„Реакциите на некои македонски академици против иницијативата за формирање Албанска академија во Тетово се едногласна стратегија на двете српско-македонски академии, кои се спротивставуваат на секоја интелектуална иницијатива со албанска национална основа. Оваа Албанска Академија треба да најде сила и интелектуални капацитети да ја заштити националната албанска ДНК од асимилација како најголемата опасност на овој век.“ – нагласува Дијана Тоска, пратеничка од редовите на „Европскиот фронт“ на ДУИ и Али Ахмети во Собранието на Република Македонија и магистер по меѓународни односи, во својата колумна со наслов „На Македонците им пречат академиските иницијативи, но не и верските иницијативи“. Колумната ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Тоска пишува: Ги читав реакциите на некои македонски академици против иницијативата за формирање Албанска академија во Тетово, што ме врати во 90-тите години кога и млади и стари беа вознемирени од отворањето на Универзитетот во Тетово. Тоа е менталитет, едногласна стратегија на двете српско-македонски академии, кои се спротивставуваат на секоја интелектуална иницијатива со албанска национална основ, со цел да ја спречат, користејќи ги сите средства.
Во меѓувреме, секој странски верски проект, кој успеал да не подели нас, Албанците, и да го деградира нашиот албански национален идентитет, тие секогаш тивко го стимулирале, за да се овозможи слободно да се применува денес дури и во јавните институции, па се до универзитетите со настава на албански јазик во световна држава каква што е оваа држава, дефинирана со устав.
А ние како албанско општество никогаш отворено не сме разговарале ниту сме се обиделе да се мобилизираме, за да го дадеме вистинскиот одговор на ваквите противнационални проекти, изготвени во истите стогодишни кујни!?
Посакувам оваа Албанска Академија, иако на почетокот дава лик на локалистичка и недефинирана добро иницијатива, да најде сила и интелектуални капацитети да ја заштити националната албанска ДНК од асимилација како најголема опасност на овој век.





