Седумте лица, кои беа заглавени во куќа во селото Стројманци, кај Свети Николе, се безбедно евакуирани. Најпрво полициски хеликоптер фрлил вода врз огнениот обрач и направил дупка во огнот, низ која бргу влегле пожарникари од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе и со возила низ огнениот обрач ги извлекле седумте лица, чии животи беа сериозно загрозени.
„Голема благодарност до храбрите доброволни пожарникари и до храбрите македонски пилоти.“ – нагласи директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.





