Во Дојран нема струја, телефоните се изгасени – трае борбата со огнената стихија

Во Дојран е исклучена струјата и телефоните не работат , сведочат жители. Како што пренесува порталот Фактор, според сведоштва од дојранчани гори во населбата Карач, поранешен Гранит каде што има многу нови куќи и викендици



-Оваа населба во Дојран е една од најпознатите, тука се одржува и Д-фестивалот. Денеска состојбата е исклучително тешка, гаснењето на пожарот е оневозможен и поради силниот ветер и другите неповолни временски околности, вели Марија од Дојран.

-Воздухот е целосно загаден, тешка миризба се шири, пече на очите и се чувствува тежина во грлото, вели таа. 

Жената појаснува дека веќе имаат некои информации дека се очекува пожарот да се гасне и од воздух, а се повикани на помош и територијалните единици од Валандово и од Гевгелија.

ОД ЦУК информираат Центарот за управување со кризи дека за среќа нема повредени, а дејствува и еден хеликоптер.

На почетокот од Стар Дојран од десна страна на високиот дел се одбранети куќите, но е опасно заради експлозии од неексплодирани гранати од минатите војни, инфомираат од ЦУК

Извор: Фактор.мк/ Центар за управување со кризи