Сончево и топло со минималната температура во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени, предвидуваат метеоролозите за денеска.



Претежно долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Според ЦУК, на територијата на државата од вчера има 42 пожари на отворено, од кои 17 се активни, а четири се под контрола.

Во Скопје сончево и топло со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло.

За празникот „Илинден”(петок) ќе продолжи периодот на стабилно, суво и многу топло време.

Повремено ќе засилува ветер од променлив правец, додека температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени.